Македонија

Откажан концертот за Петровден во Кочани

Родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во пресрет на денешниот Петровден, празникот на градот Кочани, побараа да се оокаже музичко-забавниот дел од програмата предвиден за денеска.

 

В.Д.градоначалникот, Венко Крстевски, пред роднините жртвите во трагедијата од 16 март годинава кои синоќа се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, објави дека настанот се одложува.

Подоцна синоќа, Крстевски објави и официјално соопштение на своите канали, во кое ја образложи одлуката:

„Почитувани сограѓани, животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот.“

Тој додаде дека иако одлуката била донесена по консултации и со добра намера, сепак ја преиспитал „водејќи се од вашите емоции и потребата да се движиме напред“.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top