Македонија

Откриена голема кражба на струја во поранешната мелница во Бутел: „Копале“ биткоини и направиле штета од 280 илјади евра

ЕВН Електродистрибуција

ЕВН Електродистрибуција соопшти дека со наод на вешто лице и извршено пребарување во деловен објект, утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница.

Oттаму информираат дека тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје.

Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција.

Се работи за деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини.

„Направен е записник за неовластено користење, изготвен е наод и мислење од овластено вешто лице и поднесена е пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ. Изготвена е фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари“, стои во објавата на Електродистрибуција.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top