Македонија

Пајазити: Има десет причини зошто треба Македонците да го учат албанскиот јазик, а не да го мразат! – Овој скандалозен пристап ги направи посиромашни!

„Повеќето Македонци живеат со Албанци со години и векови и не сакаат да го учат нивниот јазик. Не само што не го учат, туку и отворено го мразат и му се спротивставуваат отворено. Постојат десет причини зошто треба да го учат Македонците албанскиот јазик.“ – тврди Мухамер Пајазити од Куманово, професор по евроинтеграции во државниот Универзитет во Тетово, во својата колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА од Скопје.  

Натаму во колумната со наслов „Десет причини зошто треба Македонците да го учат албанскиот јазик, а не да го мразат“ Пајазити пишува: Во последните децении ова се докажа со многу полициски акции диригирани од државните институции. Насилното затворање на албанските средни училишта во текот на 80-тите години од минатиот век, забраната за албански имиња, одбивањето да се отвори првиот универзитет на албански јазик во Македонија, именувањето на улиците, плоштадите, знаците, комуникациите само на македонски јазик, отсуството на албанскиот јазик во највисокиот правен акт – уставот… и тн.

Сите овие брутални активности им наштетија на Македонците, бидејќи албанскиот јазик не може да исчезне: тој ги преживеал многуте бури и најмоќните империи 6 илјади години по ред. Овие методи, оваа негативна енергија и овој скандалозен пристап ги направија посиромашни Македонците и нивните соседи околу. Ако се оддалечат Македонците од овој начин на размислување, ќе имаат многу придобивки. Еве само неколку факти зошто  треба да се учи и да се официјализира албанскиот јазик на целата територијата на  низ целата земја.

Македонците треба да учат албански затоа што: албанскиот јазик е еден од најстарите јазици во индоевропското јазично семејство; можат слободно да комуницираат со своите сограѓани-Албанци и да ги отстранат сите бесмислени предрасуди и стереотипи; јазичната разновидност е богатство на секоја земја; можат да имаат пристап до пазарот на трудот во албанските компании во Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора и Прешевската долина; можат полесно да основаат компании, насекаде на албанските територии во регионот.

Македонците треба да учат албански и затоа што: младите истражувачи можат да ја проучуваат и да ја користат албанската литература; можат да ги олеснат и да ги направат попријатни патувањата и туризмот; ќе бидат со поотворен ум; ќе бидат потолерантни; ќе бидат посреќни. – тврди во својата колумна професорот Мухамер Пајазити.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски ја обвини СДС за ширење хистерија и политизирање на западнонилската треска!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на обвинувањата на СДС за наводно „задоцнето справување со комарците и зголемениот број случаи на западнонилска треска“. Преку општествената мрежа тој нагласи: „Новата хистерија на СДС, по хистеријата за скопската вода, е оваа за комарците. Но, здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени. А за Филипче воопшто да не се грижите, јахтата на Заев најверојатно е побрза од комарците и тој е безбеден!“

Ангелов: Дејствуваат три „воздушни трактори“, заштитивме неколку манастири, сѐ уште е активен пожарот кај Чаниште, но не загрозува некое село

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, преку видеоизјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова, или некое друго село.

To top