Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Убиството на Вања и Панче“ донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетите В. М., Б. В., В. К. и Љ.П., а ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1339/24 и К.бр.1571/24 од 25.06.2026 година: „Ја потврди во осудителниот дел по однос на обвинетите В. М., Б. В., В. К. и Љ. П., каде се огласени виновни за едно кривично дело Убиство, едно кривично дело Грабнување и едно кривично дело Убиство и осудени се на доживотен затвор. Ја укина во ослободителниот дел – по однос на обвинетиот А.Ѓ., за кривично дело Грабнување, во кој дел предметот го врати пред првостепениот суд на повторно постапување и одлучување,“, информираат од Апелација.
Од Апелација додаваат: „Со оглед на обемот на доказниот материјал и сложеноста на предметот, по кој од приемот во судот до донесување на одлуката, активно се постапува и се преземаат неопходните законски определени дејства, во тек е писмената изработка на одлуката. Јавноста дополнително ќе биде известена за објава на одлуката на Апелациониот суд Скопје по конкретниот предмет која ќе биде достапна во целост на веб страната на судот, согласно со Законот за судовите и Законот за управување со движењето на предметите во судовите.“ – се вели во соопштението од Апелација.