Македонија

Палевски тврди дека доказите на ЈО против него се наместени

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, каде што сведочи обвинетиот Љупчо Палевски. Во својот исказ, тој денеска повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни – пренесе Фокус. Палевски во одговор на прашања од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, посочи […]

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, каде што сведочи обвинетиот Љупчо Палевски. Во својот исказ, тој денеска повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни – пренесе Фокус.

Палевски во одговор на прашања од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, посочи дека сведокот Ерол Османи дал неточни информации за датумот на поправка на неговиот котел, тврдејќи дека работата била завршена на 28 ноември 2023 година. Според Палевски, тој тогаш не бил присутен во Бутел и таквата интервенција се случила на 22 ноември.

– Физички е невозможно јас на 28.11.2023 да бидам во Бутел и да поправам котел еден час, иако тврдам, сервисот траеше повеќе од два часа. Се работи за склоп од десет запчаници, што се викаат редуктор кој беше блокиран и морав да го отворам целиот и да ги преведам одново записниците за да тој механички склоп работи, рече тој.

Палевски ова го поврза со тоа што, како што рече, „базни станици во извештајот на Телеком не постојат ниту на 28, ниту на 22, што значи котелот на Ерол Османи е невозможно да бил поправан“.

Според него, доказите во истрагата против него се фалсификати.

– Фалсификатите во оваа истрага се очигледни, а во овој случај на Ерол Османи, грешката која ја направило ОЈО е што прво го сослушала Ерол Османи, му зела изјава, напишала обвинение со лажна изјава со која се негира 22.11.2024 како критичен ден, моето тврдење дека на тој ден е правен сервисот, а вештачењето на телефонот е направено многу подоцна по моето доаѓање и екстрадиција од Република Турција, тоа е грешката со која јас го докажав овој лажен исказ, рече Палевски.

Прашан дали го познава Панче Жежовски, одговори негативно. Негираше каква било поврзаност со оштетениот Жежовски, нагласувајќи дека никогаш немал контакт со него, ниту директно ниту индиректно.

Во овој дел тој нагласи дека според доказите кои ги поседува, како што рече, „постои многу повеќе од недоразбирање за бекатон“.

– Од пријавата во СВР Велес сѐ до одговорот на претседателот на Совет на јавни обвинители се цели десет години нетрпение и омраза помеѓу Панче Жежовски и Велибор Манев, рече Палевски.

Во својата одбрана, Палевски посочи и други, според него, недоследности во истрагата, особено во врска со видео-снимките што ги презентираше обвинителството.

Тој тврди дека снимките од видеонадзорот содржат несоодветни временски записи и дека обидите на обвинителството да ги потврди овие докази преку сведочења на останатите обвинети биле неуспешни.

– Не може да се прогласи човек за виновен, доколку, покрај изјава, нема материјален доказ. Но, материјалниот доказ е оспорен со два државни сервери од кои произлегле докази со кои се докажува дека времињата на видеото се неточни. Но, очајниот обид со изјава, исказ на обвинет, да се потврди ова видео, е неуспешна од следните причини. Доказната вредност на овој исказ е никаква затоа што Велибор Манев тврди првата вечер, потоа втората вечер, а во видеото има вечер и утро, а не две вечери. Влатко Кешишев е вториот ресурс за овој фалсификат да стане доказ, па така,тврди дека вечерта на 21.11.2023 година, по половина час состанок, после пристигнувањето сме заминале пеш кон куќата на Панче Жежовски, посочи Палевски.

Во продолжение на прашања од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, зборуваше за функционирањето на партијата „Десна“.

Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети. Обвинетиот Велибор Манев ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека, Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задача да чува стража.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Најнови вести од: Македонија

Со остранувањето на билбордите, почна реконструкција на застарената Железничка станица во Скопје

Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

„Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европска Македонија

Стратегија усвоена на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје – Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, изјави Антонијо Милошоски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео): Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

План, дами и господа, план што ќе се оствари – ете толку е едноставно

Мора да заборавиме на политиката „Купи ден, продај“. Држава не може да функционира како тезга на пазарче. Краткорочните одлуки безусловно мора да бидат заменети со долгорочен план и систем за управување

Еуроњуз: Албанка од Македонија пронајдена мртва во Италија

За разлика од македонските медиуми кои кога пишуваат за вакви случаи велат дека жртвата или напаѓачите од Македонија или македонски државјани во извештајот на Еуроњуз се наведува дека се работи за Албанци од Македонија

Ова момче ја бара првата љубов на татко му од Скопје – имам само име и една разгледница, помогнете ми да ја пронајдам! (ФОТО)

Мостовите понекогаш се само точки на мапата. Но има мостови што засекогаш остануваат впишани во нечие срце. Токму таков е стариот скопски мост (како што вели човекот, а веројатно се мисли на Камениот мост) за еден човек од Србија – место на последниот поздрав, последниот поглед и крајот на едно лето што никогаш не било заборавено.

To top