Македонија

Парното греење во Скопје поскапува за 5,96 отсто – просечната месечна сметка од 2.353 на 2.493 денари

Од 1 август цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје ќе се зголеми во просек за 5,96 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов.

На прес-конференцијата Ристов посочи дека со новата одлука, просечната месечна сметка за парно ќе биде повисока за околу 140 денари, односно ќе се зголеми од 2.353 на 2.493 денари. Ова зголемување се однесува на домаќинствата што се снабдуваат преку системите на „ЕСМ Снабдување“, „ЕСМ Дистрибуција“ и „ЕСМ Производство на топлина“. За корисниците на поранешната „Топлана Скопје Север“, со која сега управува „Енерџи Еколинк“, цената ќе биде повисока во просек за 3,6 проценти, додека за потрошувачите што се снабдуваат преку „ЕСМ Енергетика“ зголемувањето ќе изнесува околу пет проценти – рече Ристов.

Одлуката, вели, е донесена по детални економски и технички анализи на работењето на компаниите што обезбедуваат топлинска енергија во Скопје. Ристов посочи дека енергетските компании барале зголемување на цените од 30 до дури 130 проценти, но Комисијата одлучила корекцијата да изнесува 5,96 проценти. Нагласи дека РКЕ ја поддржува иницијативата за обединување на сите компании на ЕСМ што работат во секторот за топлинска енергија, со цел поефикасно користење на ресурсите и создавање услови за поповолни цени за потрошувачите.

Според анализите на Комисијата, жителите на Скопје, кои се греат на топлинска енергија и понатаму имаат пониски годишни трошоци во споредба со корисниците во Белград, Љубљана, Софија и Сараево. Во изминатата грејна сезона на системот биле приклучени уште 1.521 нов корисник, со што вкупниот број потрошувачи што се снабдуваат со топлинска енергија достигнал 67.494.

Македонска информативна агенција – МИА.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top