Македонија

Пендаровски негира дека ќе прави партија

Ги отфрли информациите дека се подготвува за формирање нов политички субјект, оценувајќи дека станува збор за шпекулации со политичка позадина

 

„Се работи за шпекулација излезена од лабораторијата на власта во која моето име е сосема свесно злоупотребено во контекст на нивната пропаганда против најголемата опозициска партија СДСМ. Познавајќи ги добро, сигурен сум дека ова нема да им биде последен таков обид“– изјави Пендаровски за „Слободен печат“.

Реакцијата доаѓа откако во јавноста се појавија информации дека Пендаровски остварува средби и консултации со соработници и јавни личности со цел креирање нова политичка платформа за настап на избори.

Паралелно, во интервју за „Призма“, Пендаровски ја анализира актуелната политичка состојба, посочувајќи дека постои јасен дисбаланс меѓу падот на поддршката на власта и неспособноста на опозицијата да го искористи тоа.

Тој предупредува дека со актуелниот тренд, СДСМ може да се соочи со сериозни последици.

„ Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување или да влезе во статистичка маргина на грешка“, оцени Пендаровски.

На ова реагираше лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој оцени дека изјавите на поранешниот претседател се погрешно интерпретирани.

„Изјавата на Пендаровски е од пред неколку недели, а и не е таква каква што се претставува, извадена е од контекст. Тој дава максимална поддршка на тоа што го правиме во партијата“, е ставот на Филипче.

Тој смета дека станува збор за координирана кампања против него и партијата.

Според него, партијата бележи раст и ја намалува разликата со владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Не само што не е мртва партијата, туку разликата помеѓу нас и нив сега е падната на 1,25“, вели лидерот на СДСМ.

 

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

To top