Македонија

Пензионерите здивнаа – ја поздравуваат одлуката на Уставен за линеарното покачување

Граѓаните ја поздравуваат одлуката на Уставниот суд кој го отфрли сомнежот за неуставност на овој закон и истиот останува на сила

Пензионерите кои стравуваа дека ќе се укине законот за линеарно покачување на пензиите конечно здивнаа. Граѓаните ја поздравуваат одлуката на Уставниот суд кој го отфрли сомнежот за неуставност на овој закон и истиот останува на сила.

Дел од нив сметаат дека покачувањето треба да биде уште поголемо. Повеќе пари за лекови, храна и основните потреби на постарите лица. Пензионерите со помали примања одат чекор погоре, а животниот стандард се подобрува за сите подеднакво.

„Нормално, добро е. Редно е да ни ги качат. Треба да биде линеарно. Ние што земавме мали пари, ќе ни се подобри стандардот. И 2.000 значат во оваа скапотија. Одличен потег на Владата, така и треба. Ја поздравувам мерката. Еве, 1.000 отиде – добро е. Рамноправно е за сите. За сите исто е најдобро. Повеќе значи за оние со пониски примања, малку чекор погоре да отидат. Линеарно повеќе им се исплати на лицата со помала пензија. Задоволен сум со мерката, супер е. Не е убаво некој да има, а некој да нема. Барем да не се лутиме, само нека ни ги покачат. Ќе се подобри стандардот, ќе имаш некоја паричка повеќе. Линеарното е – кој за кого, за секого да биде исто. Никогаш нема линеарно да ги зголемат онолку колку што треба“.

Пензионерите кои веќе добија зголемување од 1.000 денари со септемвриската пензија, истата сума треба да ја добијат и со мартовската исплата, согласно законските решенија усвоени во 2025 година.

Линеарното покачување на пензиите почна да го спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пред речиси две години, оттогаш примањата на сите пензионери се зголемија за по 7 илјади денари. Инаку овој закон се стави на маса за оценување на уставноста откако беше поведена постапка по иницијтива на уставната судијка Добрила Кацарска, по што еднаш веќе се гласаше и иницијатива не помина, а судот одлучи да го повтори гласањето по изборот на деветтиот судија.

Најнови вести од: Македонија

Не е отпуштен ниеден наставник, вработен на неопределено време, иако има 200 паралелки помалку во основното образование, а во средното 100 помалку

Министерката Јаневска очекува годинава природно да бидат затворени 26 рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои, како што рече „наводно учат“ од пет до осум деца. Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. […]

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

Најнови вести

To top