Македонија Регион

Петков: Бугарија ги ослободи словенските народи од незнаењето!

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков го честита денешниот државен празник во Бугарија „24 мај – Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“. „Бугарија е ослободител од незнаењето на словенските народи. Кирилицата е азбука која ја претвора Бугарија во основоположник, а бугарскиот јазик во основа на […]

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков го честита денешниот државен празник во Бугарија „24 мај – Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“.

„Бугарија е ослободител од незнаењето на словенските народи.

Кирилицата е азбука која ја претвора Бугарија во основоположник, а бугарскиот јазик во основа на сите словенски јазици. Кога другите земји, вклучително и Русија, немаат јасни историски податоци за сопствената писменост пред глаголицата и кирилицата, ние им дадовме писменост како основа на нивната култура! Ова е повод за вистинска гордост за секој Бугарин.

Денес 300 милиони луѓе ширум светот користат кирилица. Освен во Бугарија, азбуката е официјална во Белорусија, Босна и Херцеговина, Киргистан, Северна Македонија, Монголија, Црна Гора, Украина, Србија, Таџикистан и Русија.

Писменоста и културата го сочувале бугарскиот идентитет низ вековите на туѓо владеење. Ако и во иднина се залагаме за Бугарија како нација на знаењето, културата и науката, можеме да изградиме просперитетна земја, која ќе си ја одреди сопствената иднина. Ова е патот кој денешниот ден ни го покажува“, порача на Фејсбук лидерот на партијата Продолжуваме со промената за празникот што до пред пет години во Бугарија се славеше како „24 мај – Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост“.

Најнови вести од: Македонија Регион

#НетБезХејт: Децата ко-креираат побезбедна дигитална средина во Македонија

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

Продолжува кравјата криза во Крива Паланка: Русокосата газдарица ги попречува инспекторите да ги одземат кравите (ВИДЕО)

Денеска акцијата на инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, со асистенција на полицијата, за прибирање на слободно движните крави ескалираше во тензична ситуација.

Пратениците дадоа „зелено светло“ за намалување на функционерските плати, нема да се зголемат за 200 евра

Пратениците дадоа светло по скратена постапка да се носат пакетот законски измени за пресметка на платите на избрани и именувани лица, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Здружението на обвинители и судиите бараат од народните избраници да се повлече од дневен ред законската корекција со која се предлага измена на коефициентите.

To top