Македонија

Петкратно ,,повесела” Кичевка малтретирала случајни минувачи – дрегерот покажал огромни 2,48 промили алкохол во крвта

Многу пијана граѓанка фатена од полицијата пешки

МВР информира за пијана кичевчанка, која била петкратно ,,повесела” која малтретирала случајни минувачи на улица.

Дрегерот покажал огромни 2,48 промили алкохол во крвта што укажува дека кичевчанката испила десетина ракии или пива.

,,На 06.10.2025 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја приведоа Ј.С.Т.(39) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Пролетерски бригади” во Кичево го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон случајните минувачи. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени ѝ се 2,48 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР”, стои во полицискиот билтен.

Што мака ја натерало Кичевката да се напие и да малтретира собрани засега не се знае.

Најнови вести од: Македонија

„Лидл“ почна изградба на маркет во Гевгелија: Инвестиција што носи раст, нови вработувања и поддршка за домашните производители

Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата
на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија и е прв
маркет на Lidl во оваа општина, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во
Македонија.

To top