Македонија

Петровска: Не знам зошто не беше Филипче на комеморативната седница (ВИДЕО)

Местото на сите пратеници вчера требаше да биде во собраниската сала по повод комеморативната седница за трагедијата во Кочани што се случи пред една година

Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, вели дека во моментот кога (пратениците) биле известени за комеморативната седница за загинатите во трагедијата во Кочани,  таа лично немала дилема дека тоа треба да има приоритет наспроти се’друго.

“Кога бевме известени за седницата лично немав дилема дека овој ден треба да биде посветен  на комеморативната седница и се’ друго што имав како обврски да ги откажам односно не доаѓа во предвид нешто да бие пред оваа седница“, рече таа во гостување на ТВ 24.

Така што сметам дека на секој еден пратеник , бидејќи не беше само Венко Филипче отсутен имаше и повеќе  други пратеници кои не беа во салата, сметам дека за секој еден местото на пратениците денеска беше во таа сала.

Конкретно не знам зошто не беше Филипче на седницата , можете да прашате или во партијата, или во понеделник имаме координација и ќе се обидам да го поставам како прашање, вели Петровска.

 

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top