Македонија

Петрушевски: Целиот разузнавачки систем бил ставен против Христијан Мицкоски(ВИДЕО)

Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со цел СДС да се задржи на власт, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. „5 години претседателот Мицкоски бил таргет на АНБ и АР, бил следен и прислушкуван, и секој негов чекор бил документиран. СДС преку АНБ и АР воделе политичка битка. […]

Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со цел СДС да се задржи на власт, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„5 години претседателот Мицкоски бил таргет на АНБ и АР, бил следен и прислушкуван, и секој негов чекор бил документиран. СДС преку АНБ и АР воделе политичка битка. Службите за безбедност и разузнавање биле целосно злоупотребени,“ рече тој.

Петрушевски додаде дека „сега кога се фатени на дело, СДС наместо да се извинат, продолжуваат да сеат магла“ и дека „цел систем на СДС е демаскиран. Злоупотребени се АНБ и АР, но и ЈО, кое преку Љупчо Коцевски ги следело мерките.“

Тој оцени дека недовербата на граѓаните во судството и обвинителството е резултат на ваквата злоупотреба. „Не е чудо што народот има 2% доверба во судството и обвинителството, кога токму тие институции биле дел од системот за следење и прислушкување на политички противници на СДС наместо да работат во служба на граѓаните,“ рече Петрушевски.

Тој нагласи дека за прислушкувањето и следењето мора да има одговорност и дека „овој случај не смее да помине неказнето, за никогаш повеќе да не се повтори.“

Најнови вести од: Македонија

Али Ахмети подготви „метла“ за „седум истрошени и компромитирани личности“ од врвот на ДУИ?! – А ќе има ли и за него и кога?!

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети подготви список на имиња, за кои се очекува да го напуштат раководството на партијата, отворајќи го патот за нови, професионални личности без негативен багаж. Меѓу првите, што заминуваат, се: Фатмир Дехари, Муса Џафери, Џеват Адеми, Теута Арифи, Рамиз Мерко, Садула Дураку и Реси Абдурахмани. Нивното заминување од раководната структура се смета како прв сериозен сигнал за длабока реформа и за изградба на пофункционална и подоверлива ДУИ. Долгото останување на овие луѓе во врвот на партијата создаде претстава за една затворена и крута структура, неспособна за реформи и да им понуди надеж на гласачите, особено на младите.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“, изнесувајќи сознанија за наводна можна чистка во раководството на ДУИ, која би се извршила на нејзиниот конгрес, закажан за 20 декември 2025 година.

(Видео): СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија, вели Венко Филипче

Филипче нагласи дека ангажманот во партијата нема да зависи исклучиво од формалните функции, туку ќе се проширува, додавајќи дека СДСМ активно работи на отворање на партијата кон младите, граѓанските организации, видни интелектуалци и политички чинители, со кои заеднички ќе се градат политиките.

(Фото): Скопје како „Новoгодишна зимска бајка“ – магија во главниот град

На скопскиот плоштад „Македонија“, во присуство на жители на главниот град и граѓани од целата држава, вечерва свечено беше осветлена новогодишната елка и отворен Божиќниот маркет, со што и официјално започна празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември.

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ, за да ги скријат внатрешните проблеми

Нема вистина во пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во Македонија!“ – порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

To top