Македонија

Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Мицкоски бил следен пет години.

„СДС сакале низ прислушкување и следење на претседателот Мицкоски, како и на други јавни личности, новинари и бизнисмени да се одржат што подолг период на власт, да го запрат падот и да ги остварат своите приватни цели. СДС 5 години од 2019 до 2024 година владееле со злоупотреба на службите, како да се партиска алатка за опстојување на власт. Трагедија е како СДС ги злоупотребувале службите, кои наместо за државата, нејзината безбедност и за разузнавање биле користени за одржување на Заев, Филипче и околу нив тесната клика на власт“, рече Петрушевски.

За сето ова, додаде тој, асистенција им правел сегашниот главен обвинител Коцевски, кој бил одговорен за следење на издавањето на ПИ мерките.

„Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени. Истиот тој Коцевски, кој СДС силно го бранеа во Собрание, а сега гледаме и зошто. Ова е скандал од невидени размери, и очекуваме ЈО да се надмине себе си и да отвори сеопфатна истрага која ќе ги опфати сите и ќе овозможи одговорност за сите кои ги злоупотребиле институциите и следеле луѓе и си играле со човечки животи за власт“, рече Петрушевски.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top