Македонија

Петрушевски: По уставните измени би следеле национални и идентитетски отстапки, редефинирање на историјата и негирање на јазикот!

„Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче. Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДС кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, е доказ за потчинетата дипломатија која ја водеа неуспешните и корумпирани политичари од минатата власт на СДС и ДУИ.“ – истакнува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски

Натаму Петрушевски посочува: Првиот чекор се уставни измени, а потоа би следеле национални и идентитетски отстапки, редефинирање на историјата и негирање на јазикот.

Сето ова за Филипче е прифатливо без доза на размислување.

Поради своите криминали потпишуваа погубни државни договори, само за да останат ден повеќе на власт.

И додека над 80% од граѓаните даваат поддршка на меѓународната политика на ВМРО-ДПМНЕ, специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче промовира наредби од Радев кои се косат со македонските интереси.

Поради ваквото однесување, СДС уште повеќе ја губи поддршката од граѓаните. Народот веќе еднаш ги казни, сега ќе ги докрајчи, вели Петрушевски.


Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top