Македонија

По Бугарија и Грција во офанзива со грчки државјанства за македонски граѓани

Грција има потреба од вас, пишува во пораката од грчката амбасада до македонските граѓани

По источниот сосед Бугарија и јужната сосетка Грција почна офанзива со цел да издава грчки државјанства за македонски граѓани.

,,Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина”, пишува во јавна објава на грчката амбасада во Скопје.

Во објавата се вели дека на сликите ситр ќе најдат концизни информации за условите, потребните документи и основните чекори за процесот на добивање грчко државјанство, или преку родител или баба/дедо од грчко потекло.

Процесот започнува во грчкиот конзулат во место на живеење, каде што можат да ги добијат потребните упатства за секоја фаза, стои во објавата.

Грчката амбасада бара македонците да се информираат и да откријат дали ги исполнуваат условите за добивање грчко државјанство и дава корисни информации и официјални извори за процесот.

Најнови вести од: Македонија

Што точно содржат мерките: Стан поевтин за 20%, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поддршка за студентите

Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти.

To top