Македонија

И Србите навалија по бугарски пасоши, пишува БГНЕС

Илјадници Срби земаат бугарско државјанство по примерот на Македонците.

Илјадници Срби земаат бугарско државјанство по примерот на Македонците.

Бугарија напредува во Јужна Србија со илјадници граѓани кои добиваат бугарско државјанство. Ова се наведува во „анализа“ на српскиот информативен портал „Нишке вести“, без да се прецизира дека кандидатите ги докажале своите бугарски корени и го декларирале бугарскиот идентитет, објави БГНЕС.

„Меѓу 5.000 и 8.000 граѓани на Србија имаат бугарски пасоши. Само во последните две години, над 2.000 луѓе од Србија исто така станале бугарски државјани. Ова е сè уште мала бројка – но расте. И, најважно: Бугарија повеќе не ги смета во статистиката како Срби“, се вели во коментарот.

Изразени се стравувања дека Бугарија веќе ги перцепира овие луѓе како дел од дијаспората, а во официјални документи и пред меѓународните институции бугарската држава еден ден може да изјави дека „десетици илјади Бугари живеат во Јужна Србија и дека ова е бугарски културен простор и историска одговорност“.

Авторот потсетува: „Истото веќе се случи – во Македонија. Таму, над 120.000 граѓани добија бугарски пасоши. Нема медиумска возбуда. Нема скандали. Само редици пред конзулатот. Ова не е политичка завера, туку политичка расправија“.

БГНЕС потсетува дека Белград го користи и терминот „Јужна Србија“ во однос на територијата на денешна Македонија.

„На прв поглед – легитимно право на секој граѓанин е да бара подобра можност. На втор поглед тоа е  – аларм. Секоја земја треба да се запраша: што значи кога нејзините граѓани масовно добиваат државјанство на друга земја, но продолжуваат да живеат, работат и гласаат тука? Пасошот не е само средство за патување. Тој е основа на меѓународното право, идентитетот и потенцијалните територијални и културни претензии. И најважно – тоа се информации што се внесуваат во официјалните регистри. Кога се случува криза, кога се дискутира за малцинствата во Советот на Европа, кога се подготвува нов буџет за прекугранична соработка – бројките стануваат алатки. Алатки на политиката. А, ние? Ние молчиме. Затоа што „станува збор за работа“. Затоа што „ништо нема да се случи“. Затоа што „важно е да се оди некаде“. Забораваме дека историјата честопати не прашува како нешто започнало – туку кaде одвело“, пишува “Нишке Вести“.

Медиумите повикуваат на отворање јавна дебата во Србија за тоа „што значи колективна промена на идентитетот без никаква јавна дискусија“.

„Ако го игнорираме ова, за 10, 20 или 30 години некој навистина може да каже: Таму живеат 50.000 Бугари. Ова е наша територија. Наш интерес. Наша историска одговорност“. И нема да биде важно што биле Срби. Дека зборувале српски, живееле во Ниш. Она што ќе биде важно е што е напишано во пасошот. И колкумина од нас молчеле“, цитира БГНЕС.

Иако во Бугарија се радуваат на ваквите бројки зад кои стојат и сериозни уплати за добивање државјанство, она на што не укажува никој е дека еден ден тие можат да им се вратат како бумеранг, односно ваквите новоосознаени Бугари некој да ги организира и да формираат партија, па и да решаваат кој да дојде на власт во соседната држава или дури да се наместат на некои позиции.

Најнови вести од: Македонија

Дали гостиварци пиеја деновиве вода, загадена и со фекални води, вбризгувани со пумпите во водоводот?! – Фекални бактерии пронајдени во два испитани примерока!

Според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Мицкоски: Повторно лоша вест за опозицијата, нема да банкротираме ниту оваа година!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Тој Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа.

Полицијата ги уапси директорката на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши!

Започнува расплетот на ситуацијата околу случувањата со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и кој е сѐ виновен и одговорен околу тоа и заболувањето илјадници граѓани, кои ја пиеја загадената вода!

To top