Македонија

По совет на Лаен Мицкоски побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната седмица во Софија

Премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, одговарајќи на новинарско прашање како таа го прифатила неговиот предлог ЕУ да се вклучи во разговорите на Македонија со Бугарија, рече дека го советувала како прв чекор да се побара официјална билатерална средба за време на посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Софија следната седмица.

– Па еве, ќе се обидам да бидам конкретен на вашето прашање и ќе излезам од формалниот дипломатски речник. Од претседателката добив совет веќе следната недела нашиот министер за надворешни работи и надворешна трговија е во Софија, причина за тоа е Коридорот 8 и проектите коишто ги движиме во рамките на тој Коридор 8, да побараме од домаќинот средба на билатерална основа. Јас веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме, процесот од некаде да го движиме – рече Мицкоски.

Тој во обраќањето на заедничката прес-конференција нагласи дека со претседателката на ЕК отворено разговарале за предизвиците што ги имаме во односите со нашиот источен сосед.

– Нашата желба е тие прашања да се надминуваат низ дијалог, во добра волја и со взаемно почитување. Исто така, на денешната средба зборувавме, и јас тоа го напоменав, дека очекуваме да биде вклучена и ЕУ во овој процес и не бараме од Унијата да зазема страна. Бараме да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, обврските ќе важат за сите, а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања. Секое решение мора да создава сигурност дека со неговото исполнување се затвора една фаза и се отвора патот кон следната без простор за нови толкувања или дополнителни барања – рече Мицкоски.

Тој подвлече дека ако од државата се очекуваат одлуки со долгорочни последици, тогаш е оправдано да се очекува и јасна европска перспектива за она што следи. Целта, како што посочи, не е одложување на процесот, туку создавање услови тој конечно да се движи напред на стабилна и одржлива основа.

Најнови вести од: Македонија

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда што доаѓа од ЕУ е автоматски е добра за Македонија, се треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка Повод: Британија ги преиспитува односите со ЕУ, зошто Македонија да не ги преиспита своите? Од царинска унија и единствен пазар до секторско поврзување – европската интеграција има повеќе степени, а македонската политика премногу често ја сведува на формулата „уставни измени или застој“ Британската политика повторно […]

Јанев по големата полициска операција во Прилеп: Митот за недопирливите падна, не може никој да се крие зад „врските“!

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска го посети Одделението за внатрешни работи Прилеп, по големата полициска операција спроведена пред два дена во која беше сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и економски криминал. Јанев одржа работна средба со раководството на полицијата во Прилеп и со дел од полициските […]

Дејан Јованов доби 30-дневен притвор за случајот „Пулс“, сега за поткуп

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против Д.Ј. од Кочани, по произнесување на осомничениот, во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите приложени кон предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти наидува и на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

Министерот Велковски го отвори новиот Центар за лица со попреченост во Кочани

Новиот Центар за лица со интелектуална и комбинирана попреченост е сместен во Комплексот „АСНОМ“ во простории кои претходно беа руинирани и напуштени. Општината комплетно ги реновираше

Најнови вести

To top