Македонија

По закажаниот почеток на судењето, родители на загинатите во „Пулс“ ги ставаат во мирување блокадите

Ќе продолжат со „Маршот за ангелите“ што се одржува секоја сабота

Родителите на загинатите во пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани ќе ги стават во мирување секојдневните  едночасовни блокади на една од сообраќајниците во градот, но и понатаму ќе продолжат со „Маршот за ангелите“ што се одржува секоја сабота.

Одлуката за привремен прекин на блокадите родителите ја соопштија откако денеска Основниот кривичен суд Скопје информира дека судењето за предметот „Пулс“ ќе почне на 19 ноември.

„Бидејќи добивме датуми за рочишта, ве известуваме дека секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но со Маршевите продолжуваме секоја сабота – како симбол на нашата упорност и борба за вистината“,стои во соопштението од родителите.

Родителите и семејствата на загинатите во пожарот наведуваат дека со големо внимание ќе го следат судскиот процес, кој очекуваат да биде фер, транспарентен и непристрасен и во кој секој што е виновен за трагедијата ќе ја понесе својата одговорност.

„Ние, родителите и семејствата на починатите деца, соопштуваме дека со големо внимание ќе го следиме судскиот процес, со единствена цел – да се открие вистината и да се обезбеди правдата за младите животи што беа изгубени во трагедијата што засекогаш го промени нашето општество“, се вели во соопштението.

Надоврзувајќи се, во истиот контекст, тие велат не станува збор само за судење за пожар, туку ова е судењее за човечноста, совеста и одговорноста.

„Нашата болка е вечна, но нашата борба е и за сите идни генерации – никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија. Бараме јавноста, медиумите и институциите да го следат овој процес со должно внимание, бидејќи ова не е само судење за еден пожар – ова е судење за човечноста, совеста и одговорноста“,велат родителите и семејствата на загинатите во трагичниот пожар.

Информацијата дека почетокот на судскиот процес за „Пулс“ е закажан за 19 ноември, Основниот кривичен суд Скопје ја соопшти денеска, на денот кога се одбележуваат точно седум месеци од трагедијата која однесе 63 млади животи и во која беа повредени повеќе од 200 лица.

Судењето ќе се одвива во судницата во рамките на Казнено-поправната установа „Идризово“, а првото рочиште на 19 ноември, ќе почне во 9:30 часот.

Согласно Автоматизираниот систем за распределба на судските предмети – АКМИС, како што претходно информираат од Кривичен, предметот е распределен кај судијката Диана Груевска-Илиевска.

Инаку, во денешното соопштение од Судот информираат дека покрај судиите кои се изземаа од постапување по предметот пред оценка на обвинителниот, дополнително, изземање побарале и добиле и судијките Тамара Витларова-Смилевска и Илина Смичковска-Илиевска поради познанството со дел од оштетените во пожарот.

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Поради овие околности, како втор член на судечкиот совет, кој ќе постапува во предметот, е определен судијата Ахмед Идризи.

Од Кривичен, исто така, информираат дека се определени уште шест термини одржување на главната расправа, а по нејзиното отпочнување ќе бидат усогласени и дополнителни.

Најнови вести од: Македонија

Наскоро: Беспрекорно Galaxy искуство со камера за едноставно креирање на содржини

Претворање на фотографијата од денска во вечерна во неколку секунди. Враќање на деловите кои недостасуваат од објектите на фотографијата како парчето кое недостасува од тортата. Беспрекорно спојување на повеќе фотографии во една, кохезивна слика. Овие креативни способности некогаш побаруваа професионални вештини или часови поминати во уредување. Сега тие се возможни за неколку минути, директно од твојот Galaxy телефон, едноставно со поставување прашање.

Панчевски со кривична против членовите на Советот на јавни обвинители

Со искористување на својата службена положба и со пречекорување на границите на своето службено овластување, постапиле спротивно на член 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство при разгледување на неговата пријава и утврдување на посебниот услов, вели тој

To top