Македонија

Побарани доживотни казни затвор за осомничените за убиствата на Вања и Панче

Во завршните зборови за убиствата на Вања и Панче, обвинителката Ана Стоилковиќ Димитровска денеска побара доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев. „Ниту една казна нема да биде доволно за семејствата на жртвите“, рече обвинителката Димитровска во завршните зборови. Таа објасни зошто обвинителството бара ваква казна. „Истите лица ја слушаат […]

Во завршните зборови за убиствата на Вања и Панче, обвинителката Ана Стоилковиќ Димитровска денеска побара доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев.

„Ниту една казна нема да биде доволно за семејствата на жртвите“, рече обвинителката Димитровска во завршните зборови.

Таа објасни зошто обвинителството бара ваква казна.

„Истите лица ја слушаат внимателно како Вања се бори за својот живот и објаснува каде може да ги бараат парите, обвинетите со еден куршум ја остваруваат својата цел. Иако двете убиства се квалификувани од потежок облик, и казната се движи минимум од 10 години до доживотен затвор, и таа разлика од минималната до максималната казна е голема. Затоа Судот треба внимателно да ги земе во предвид и начинот на спроведување на делата, и нивната непоколебливост во намерата. Тука не постојат олеснителни околности. Сите обвинети се дел од семејна заедница, сите се нашле во улога на воспитувачи, а тие посегнуваат по она што му е најсреќно на секој родител, на секо човечко битие.

Од овие причини Обвинителството бара сите четворица да бидат прогласени за виновни и да им се одреди казна доживотен затвор“, рече Димитровска.

Претходно Обвинителството искажа и натаму верување дека таткото на Вања, Александар е вмешан во планот на грабнувањето на својата ќерка.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top