Македонија

Почина 16- годишното момче, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев

Во скопско Марино

Од семејството на 16- годишното момче од Идризово за Канал 5 потврдиле дека тој им подлегнал на повредите , здобиени на 14 септември , кога со мотоцикл се забил во џипот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.

Сообраќајката се случила на 14 септември во село Марино во општина Илинден, помегу патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.36 години од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.25 години од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од Свр Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР.

Од партијата на пратеникот демантираат дека Сашко Јанчев возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина, и информираат дека моторциклот се забил во вратата на автомобилот.

-Сообраќајната несреќа се случила ноќеска по полноќ, при удар на нерегистриран и неисправен моторцикл без светло, управуван од малолетник без возачка дозвола и без заштитна кацига, кој возејќи со неприлагодена брзина на патот, практично се забил во совозачката врата на автомобилот управуван од пратеникот Јанчев, кој во тој момент имал вклучен жмигавец за вртење десно, објави тогаш МВР.

Најнови вести од: Македонија

Од недела стапуваат новите правила за влез и излез од ЕУ

Од недела, 12 октомври 2025 година, стапуваат на сила новите правила за влез и излез во земјите од ЕУ со воведувањето на Системот за влез и излез (EES). Системот ќе се имплементира постепено, со целосна примена од 10 април 2026 година. Оваа дигитална реформа, една од најзначајните во граничното управување на ЕУ, го заменува ставањето […]

Партиите дебатираат како за парламентарни избори: за албанскиот јазик и национални прашања, наместо за локална власт и проблеми на граѓаните

„Политичките партии треба во предизборната кампања да се насочат на конкретните комунални проблеми и потреби на граѓаните, како што се водоснабдување, канализација, паркинзи, плоштади, тротоари и друго, ова се локални, а не парламентарни избори!“ – критикуваа политичките аналитичари во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења.

Христијан Мицкоски го обвини СДСМ дека води црна кампања за изборите

Тешко на СДСМ што нивната главна кампања ја води нивниот гуру во сенка, а Венко само немо ги повторува речениците, тезите и фразите кои што неговиот гуру му ги ставил на маса. Додека ние на избори пред вас излегуваме со понуда, нивната понуда се напади и клевети, црна кампања, сечени и монтирани видео клипови. Тоа е денешното СДСМ, рече Мицкоски.

To top