Македонија

Почина Костадинка Палазова

Ќе биде запаметена како вечен чувар на егејските песни

Почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска, доајенот на македонската изворна песна. Палазова починала по кратко боледување во Гостивар каде што живееше долги години, објави нејзиното семејство на Фејсбук.

Пејачката позната како чувар на безвремените егејски песни како „Сношти отидех џанам“ ја почнала кариерата во во емисијата „Вие пред микрофон“, со изведбата на песната „Врни се, врни, либе Мариче“, со која победила.

Од 1960-тите години активно настапувала и снимала песни.

Палазова е родена во кукушкото село Сехово во 1939 година. Од родното Сехово пребегала во Гевгелија, а потоа била однесена во Гаково, Војводина, каде што завршила трето одделение. По сопствена желба, се вратила во Вардарска Македонија и се населила во селото Зубовце, во Гостиварско.

Позната е и по бројните песните за Гоце Делчев, војводата од кукушкиот крај.  Зад себе остави 40-тина песни, меѓу кои и авторски дела како „Филка мома моле бога“.

Палазова настапувала рамо до рамо со Васка Илиева, Есма Реџепова и Кочо Петровски, сите доајени на македонскиот музички фолклор. Ја добила наградата за животно дело на фестивалот „Роса“ по повод 50 години музичко творештво.

Во 2016 година, во Гостивар, во нејзина чест беше организиран голем велигденски концерт, како признание за нејзиниот придонес кон македонската културна ризница.

Најнови вести од: Македонија

„Скопје 1.мк“: Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ. Ова го објави порталот „Скопје 1.мк“

To top