Македонија

Почина македонската легенда Драган Б. Костиќ

Утринава, по кратко боледување, на 75-годишна возраст почина македонската радиоводителска и DJ-ска легенда Драган Б. Костиќ.

Утринава, по кратко боледување, на 75-годишна возраст почина македонската радиоводителска и DJ-ска легенда Драган Б. Костиќ.

Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на семејството.

Во изминатите месеци, Драган Б. Костиќ водеше тешка здравствена битка, од која за жал не излезе како победник.

Тој помина илјадници часови и пет децении зад радиомикрофонот, забавувајќи, информирајќи и едуцирајќи ја својата многубројна публика — и продолжи да го прави тоа дури и во пензија.

Својата кариера ја започна во Македонското радио во 1970-тите години. Најпознат беше како водител на емисиите „Радио урнебес“, „Диско селектор“, „Заборави ако можеш“, „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“ и многу други. Посебно место зафаќаше проектот „Сто приказни за сто песни“, чија приказна никогаш не беше целосно раскажана.

Драган Б. Костиќ остана еден од најголемите познавачи на светската музика, историјата на бендовите и пејачите, светските топ-листи и сопственик на една од најголемите колекции на плочи во земјата. Тој целиот свој живот го посвети на музиката и радиото, станувајќи вистински бард на македонското радиоводителство.

Кон крајот на 2024 година го одигра својот „Последен танц“ — проштален DJ-сет по половина век естрадна кариера.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top