Македонија

Почина Панчо од ДНК

По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев-Панчо, кој се здоби со тешки изгореници во пожарот во дискотеката „ПУЛС

Тој изминатиот период го помина на лекување во „Систина“ каде се бореа со повредите со кои се здоби откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК.

Панчо извесно време бил во кома, а според непотврдените информации, за неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри.

Панчо имаше тешки изгореници на лицето и на рацете.

Тој е деветтиот член на ДНК кој го изгуби животот и истовремено,  63-та жртва на страотниот пожар.

Животот го загубија и пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.

Најнови вести од: Македонија

Германија и Франција бараат „Европа со две брзини“ – Г6 ќе ги води промените без консензус од сите

Германија и Франција се залагаат за забрзување на клучните политики на Европската Унија преку воведување на систем со две брзини, кој би им овозможил на водечките економии да напредуваат без потреба од консензус од сите 27 земји-членки, пишува The Washington Post.

Тетово добива модерна гимназија: Мицкоски, Касами и Јанева на свеченото отворање

Новата реконструирана зграда на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово денеска официјално беше пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Тетово Биљал Касами и министерката за образование и наука Весна Јанева.

To top