Македонија

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски

Со осамостојувањето на Република Македонија, Мартин Треневски беше именуван за министер за информации во првата влада на Република Македонија

Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво.

Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. Постдипломски студии по масовни комуникации и информирање посетувал на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања и стекнал звање магистер по политички науки.

Новинарската кариера ја почнал во Скопје со текстови во повеќе дневни, неделни и месечни информативни гласила. Професионалниот врв во новинарството го достигнал во тогашната агенција ТАНЈУГ, каде во 1986 година бил именуван за дописник од Австралија и Јужниот Пацифик. Во тој период активно ја следел и афирмирал македонската заедница во Австралија. Како публицист и истражувач Треневски е автор на голем број дела.

Со осамостојувањето на Република Македонија, Мартин Треневски беше именуван за министер за информации во првата влада на Република Македонија. Подоцна, како министер во Министерството за иселеништво, работеше на унапредување на врските меѓу државата и македонското иселеништво во светот. Беше амбасадор на Република Македонија во Шведска, Норвешка, Финска, Естонија, генерален конзул во Торонто, Канада, и македонски амбасадор во НАТО.

Треневски беше активен и во политичкиот живот како член и активист на ВМРО-ДПМНЕ од почетоците на партијата.

За својата работа како новинар, публицист и дипломат е добитник  на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и највисоката новинарска награда во Македонија – „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ во 1983 година.

Погребот ќе биде утре (27 мај 2026) во 13:00 часот на Градските гробишта Бутел.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top