Македонија

Почна меѓународната екскурзија за талентираните ученици и спортисти од Карпош

Интернационалниот детски летен камп ,,Каливас” во Грција, кој се наоѓа на крајбрежјето во Метаморфози, Халкидики

Започна седумдневниот заслужен летен одмор за првенците на генерација и најдобрите спортисти од Општина Карпош. Интернационалниот детски летен камп ,,Каливас” во Грција, кој се наоѓа на крајбрежјето во Метаморфози, Халкидики, од денеска ќе биде побогат за уште неколку талентирани ученици и спортисти од Карпош, кои ќе имаат можност да се дружат и да поминат заедно дел од летниот распуст.

Локалната самоуправа финансиски го обезбеди престојот на првенците на генерација, основците од најуспешните спортски екипи во фудбал, кошарка и одбојка за девојчиња, како и индивидуално прогласени ученици-спортисти, за постигнатиот успех во рамки на училишните спортски игри Карпош 2026.

Во истоимениот детски камп, Општина Карпош обезбеди неколкудневен престој и за осумте ученички – одбојкарки од Карпош кои го освоија првото место на турнирот кој го организираше Општина Кисела Вода, по повод одбележување на нивниот патронен празник, Св. Ѓоргија. Општина Карпош ќе продолжи да ги поддржува младите умови и да ги наградува, како поттик да продолжат напред со нивното образование и наука.

Најнови вести од: Македонија

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

(Видео): Евростат потврди дека цената на храната и пијалаците се најниски во регионот, премиерот рече дека сме исправени пред низа предизвици

Според премиерот, Владата изминатиот период работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

Бистришки, 1934 – Тоевски, 2026: Зошто сме ние, Македонците, одделен народ? (4)

Одговорот на тоа прашање е од огромно геополитичко значење за Македонија и македонскиот народ и денес, на почетокот на 21 век. Авторот на овој текст чини напор сега, во 2026 година, да даде свој аргументиран одговор на истото прашање, кое си го постави пред себе Васил Ивановски – Бистришки во 1934 година. Македонците се навистина посебен народ во Балканот и Европа: својата „Македонска приказна“ тие си ја пишуваа самите низ бурните епохи на својата национална историја. Во таа историја се вградени сите државотворни стремежи на македонскиот народ, на кого никој никогаш ништо не му подарил, ниту држава, ниту фалсификувана историја како на „добрите соседи“. Напротив; толку многу му одзеле, но тој стои простум и натаму наспроти бурите на (не)времињата. Македонците со својот јазик и писменост, со својата духовност и култура, со својот идентитет и историја се длабоко во темелите на европската цивилизација.

To top