Македонија

Почна одбележувањето еден век Скопска зоолошка градина

Формирана е во 1926 година, денешниот изглед го добива во 1965 година и располага со повеќе од 500 животни

Зоолошката градина „Скопје“ годинава слави еден век од своето основање и од денеска почнаа активностите за одбележување на големиот јубилеј, па за најмалите посетители беше организирана едукативна и музичка програма исполнета со забава, учење и дружење.

„Со поддршка од врвни експерти и нова енергија, како Марјо Худемакер, кого ја имаме честа денеска да е со нас, правиме чекори кон враќање на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми и поставување повисоки стандарди за животните, за едукацијата и за довербата. Следуваат инвестиции, модернизација и нови содржини, со цел Градината да биде место кадешто се учи, се доживува и се гради свест.  Ги започнуваме и кампањите за поддршка, вклучувајќи грижа за животни, кадешто секој може да даде свој придонес и да се грижи за одредено животно“, изјави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Зоолошката градина во Скопје e формирана во 1926 година од тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман, од која е предложена нејзината денешна локација, која во тоа време опфаќала површина од 4 хектари, а градината располагала со скромен број животни претежно добиени како подарок.

Со решение на Градското собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот следната година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед. Денес таа е сместена на површина од 12 ха и располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 230 цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top