Македонија

Почна судењето за поранешната претседателка на Антикорупциска

Обвинета за две кривични дела

Поранешната претседателка на Антикорупциска седна во обвинителна клупа. На Татјана Димитровска и се суди за оддавање службена тајна, како и компјутерски криминал бидејќи во нејзино име друг го полагал тестот за сертификат за државна тајна“. Доказите за двете кривични дела, беа пронајдени во нејзиниот мобилен телефон. Од јавното обвинителство велат дека се уште траел процесот на проверка на мобилниот на Димитровска, а дел од податоците откривале сомнежи и за други кривични дела.

Имајќи предвид дека се работи за околу 250 илјади електронски записи од телефонот на претседателката, меѓутоа сакам да ве известам дека заедно со колегата паралелно додека се врши анализата на податоците од телефонот, Јавното обвинителство презема и други дејствија, како прибавување на потребни податоци од сите надлежни институции и сослушување на сведоци по однос на одредени индиции коишто произлегуваат од овие податоци“, изјави Наташа Поп Трајкова, Јавен обвинител во ОЈО ГОКК.

Димитровска одговара за оддавање информации на Небојша Стојановиќ за кој антикорупциска водела предмет, а подоцна беше обвинет во предметот Адитив“. Според обвинението, екс антикорупционерката не го полагала ниту тестот за сертификат за државна тајна. Тоа во нејзино име го направил ревизорот Миле Столевски, па и тој е обвинет за компјутерски фалсификат. Одбраната очекува ослободителна пресуда. Информациите споделени од Димитровска смета дека не биле службена тајна, туку јавни кои се говореле на седници, а сертификатот за државна тајна не се добивал од електронскиот текст туку според проценката на Ангенцијата за национална безбедност.

Во случајот ќе и се суди и на раководителката од ТЕЦ Неготино, Билјана Петровска Мантева, додека постапката за Борче Најдов ќе продолжи во склоп на случајот Адитив. Обвинителството бараше спојување со тој предмет и за другите обвинети, но судот го одби предлогот. На крајот на идниот месец на подготвително судско рочиште ќе се анализираат доказите по што ќе биде закажан и официјалниот старт на судењето за Димитровска и останатите обвинети.

https://www.youtube.com/watch?v=cem6myeghRU

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top