Македонија

Почнува Самитот на Македонија2025: Вечерва свечен прием кај претседателката, утре стартува главната програма

Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје

Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот.

Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на Македонија. Во фокусот ќе бидат и теми поврзани со лидерството, иновациите, иднината на институциите и регионалната соработка. Свеченото отворање на Самитот е вечерва, 11 мај, во Кабинетот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

На приемот ќе присуствуваат членови на Одборот на Македонија2025, високи владини претставници, говорници, претставници на стопанските комори, дипломати, партнери и спонзори. Во рамки на свеченоста ќе бидат доделени и признанија за припадници на дијаспората за нивниот особен придонес за развојот на Македонија.

Главната програма почнува утре, 12 мај, и ќе опфати клучни обраќања, панел-дискусии и интервјуа со домашни, регионални и меѓународни лидери. Програмата ќе биде отворена со обраќања на лидерството на Македонија2025, меѓу кои Виктор Мизо – претседавач на Одборот на директори, Мајк Зафировски – коосновач и проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски – извршна директорка на Македонија2025.

Во рамките на првиот ден од Самитот предвидено е да се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, а најавено е и учество на претставници на меѓународни организации, инвеститори и лидери од регионот и дијаспората.

Меѓу говорниците и учесниците на Самитот ќе бидат истакнати имиња од бизнисот, финансиите, технологијата, дипломатијата и дијаспората, меѓу кои Живко Мукаетов, Волфганг Мајер, Светозар Јаневски, Огњен Лазиќ, Боријан Борозанов, Ендрју Вробел, Том Клајн, Ана Арсов, Џон Битов, Кристофер Хил, Рон Томас, Тања Михајловска Димитриевска, Јордан Битов, Елизабет Наумовски, Кети Ицева, Војдан Карапетковски, Емил Христов, Саше Димитроф, Ѓорѓе Војновиќ, Митре Кутановски, Вал Јусуфи и други. Покрај официјалната програма, Самитот ќе понуди и можности за вмрежување и неформална размена меѓу учесниците, преку „Unwind Hour“ сесии и посебен настан за вмрежување предвиден за 12 мај.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top