Март, месецот во кој се слави жената е секогаш убаво потсетување дека заслужуваме нешта кои не само што ни го олеснуваат денот, туку и нè инспирираат да бидеме најдобрата верзија од себе. Овој март, наместо класичните подароци, израдувајте ги вашите најдраги дами, или пак почестете се со нешто што трае и е симболизира вашата сила. Новата Galaxy S26 серија на Samsung, предводена од величествениот Galaxy S26 Ultra, е тука да го претвори секој ваш момент во мало ремек-дело, делувајќи како ваш личен асистент благодарение на напредната агентска вештачка интелигенција.

Секоја жена знае дека нејзиниот телефон е нејзиниот планер, нејзиното фото-студио и нејзиниот тивок сојузник. За оние кои бараат апсолутно најдоброто, Galaxy S26 Ultra доминира со својот ексклузивен процесор Snapdragon® 8 Elite Gen 5 за Galaxy. Оваа прилагодена моќ овозможува вештачката интелигенција да работи проактивно во секој дел од денот, додека иновативниот Privacy Display (достапен само кај Ultra) се грижи вашите доверливи пораки и документи на екранот да останат невидливи за љубопитните погледи во преполното кафуле или на состанок.
Моделите Galaxy S26 и S26+ зрачат со елеганција и самодоверба, нудејќи ја паметната автоматизација преку Now Brief и Now Bar за преглед на сите ваши обврски во движење. Со нивната агентска вештачка интелигенција свесна за контекстот, секогаш сте чекор пред задачите.
Благодарение на новата Galaxy S26 серија, секогаш сте подготвени да ги овековечите најубавите моменти. Galaxy S26 серијата нуди наједноставно искуство за фотографирање и снимање видео, создадено за жените кои сакаат да ја уловат секоја магија, од утринското кафе до празничната вечера со пријателките. Секој спомен е совршено зачуван и подготвен за споделување.
Она што ја прави оваа серија навистина магична е начинот на кој вештачката интелигенција ја поттикнува вашата креативност. Со напредните AI алатки за уредување, сега можете да ги менувате вашите фотографии со едноставни текстуални описи. Сакате да го промените небото во зајдисонце или да додадете цвеќе во позадината? Само кажете му на вашиот Galaxy S26 уред и гледајте како Generative Edit ја претвора вашата идеја во реалност. За дополнителна доза на забава во секојдневната комуникација, со функцијата за креирање стикери, можете да го претворите секој предмет или личност од вашите фотографии во уникатен стикер со само еден допир. Пораките до пријателките или семејството сега ќе имаат личен, креативен потпис кој никој друг го нема.
Дури и при најинтензивното користење на вашиот нов Galaxy, иновативната Vapor Chamber комора за ладење со нова архитектура и долготрајната батерија со супер-брзо полнење ви гарантираат сигурност во секој динамичен момент од денот.
А кога ќе посакате мир и целосно препуштање на омилената музика, новата серија Galaxy Buds4 е вашиот софистициран моден додаток со модерен, ергономски дизајн кој нуди врвно аудио искуство. Изберете го моделот кој најдобро одговара на вашиот стил. Со својот елегантен дизајн, Galaxy Buds4 слушалките нудат беспрекорна удобност и кристално чист Hi-Fi звук, идеален за вашите секојдневни разговори и омилени плејлисти. За оние кои сакаат целосно препуштање на звучното доживување, Galaxy Buds4 Pro нуди уште подолго траење на батеријата и супериорна Adaptive ANC технологија за активно поништување на бучавата која интелигентно се прилагодува на вашата околина, овозможувајќи ви студиски квалитет на звукот дури и во најбучниот градски метеж.
Двата модела се опремени со најновата Galaxy AI технологија. Функцијата Head Gestures ви овозможува да одговорите на повик со едноставно движење на главата – совршено кога рацете ви се зафатени со кафе или шопинг кеси. Со функцијата Interpreter за комуникација на секој јазик и Voice Detect кој автоматски го препознава вашиот глас, Buds4 серијата е вашиот најпаметен придружник досега.

Изработена од врвни материјали – зајакнат Armor Aluminum, оваа серија е создадена да трае. Овој март, подарете си технологија која ве разбира и ве поддржува во сите ваши улоги. Блеснете со новата Galaxy S26 серија која е веќе достапна кај продажните партнери и на официјалната страна на Samsung во Македонија. Изберете го вашиот нов омилен уред на samsung.com/mk
Вљубете се во Galaxy на прва! Кликнете на Try Galaxy за да тестирате некоја од најновите Galaxy функции, вклучувајќи го и креативното AI уредување, директно на уредот кој го имате и го држите во рака во моментов!
