Македонија

Полицаец диво се приклучил на канализација и нападнал инспектори и советничка

„спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 1 од Кривичниот законик

МВР објавува за поднесена кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје, кои утврдиле дека на диво се приклучил на канализациона мрежа.

За „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 1 од Кривичниот законик полицаецот може да заврши 3 години во затвор.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Б.М., полициски службеник во Одделението за криминалистички работи Чаир при СВР Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 1 од Кривичниот законик.

 

На 05.07.2025 инспектори на град Скопје утврдиле дека во општина Шуто Оризари има див приклучок на канализациона мрежа од страна на полицискиот службеник Б.М., а тој им се заканувал на присутните, употребил физичка сила кон советничката на град Скопје И.В. и ги спречувал инспекторите од град Скопје да снимаат со своите мобилни телефони со цел да ја документираат затекнатата состојба на терен, со што го попречувал инспекцискиот надзор.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Б.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top