Македонија Хроника

Полицијата приведе четворица за пукањето во Тетово, двајца се малолетни

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат понатамошни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во убиството.

По пукањето што се случи во Тетово, полицијата приведе четворица, од кои двајца се малолетници и две лица се женски, соопшти Секторот за внатрешни работи Тетово. Полицијата во периодот од 12:50 до 15 часот, извршила претрес на повеќе локации во тетовското село Гајре. При претресите, по судска наредба, биле пронајдени предмети од интерес на истрагата и биле лишени од слобода две женски лица, А.М. (41) и Е.М. (19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од селото Гајре.

Причина за приведувањата е убиството што се случи во неделата во населбата Блок 82 во Тетово. Во инцидентот, кој се случи меѓу две групи, едно лице беше убиено, додека двајца мажи на 32 и 37 години и едно 12-годишно девојче беа повредени. Дополнително, случаен минувач беше удрен со возило и е со скршена нога.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат понатамошни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во убиството.

Пукањето се случи околу 12:30 часот на крстосницата од улица „Илинденска“ со улица „Благоја Тоска“ во Тетово помеѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна незгода по што двете возила го напуштиле местото, од кои едното се упатило кон улица „113“, а додека другото во непознат правец.

Од СВР тетово рекоа дека возилото кое што се упатило кон улицата „113“ е „форд фиеста“ со тетовски регистарски таблички, а по извршената проверка било констатирано дека се работи за одјавени регистарски таблички од истото возило, сопственост на лицето Е.М. (19) од селото Гајре, Тетовско. На место на пукањето бил најден син „голф“ во кој е пронајдено безживотното тело со повеќе прострелни рани од огнено оружје.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

Димитриевски: „Да“ за Европа, но европски пат со заштита за македонскиот идентитет и без отстапки кон Бугарија!

Лидерот на ЗНАМ предлага парламент со 90 пратеници како дел од пошироки изборни реформи. Истовремено бара заштита на македонскиот идентитет и европски пат без отстапки кон Бугарија.

To top