Македонија

Полициска ,,филмска” акција – Скопска измамничка фатена ,,жива” за измама во Тетово и Охрид

Тргнала по пликото не знаејќи дека оди кон кривичен прогон и можен затвор

Расчистени три кривични дела „измама“ и едно дело „измама“ во обид во Тетово, лишена од слобода 23-годишна скопјанка, објави прес службата на МВР.

По преземени мерки и активности, на 07.01.2026 полициски службеници од СВР Тетово во координација со СВР Скопје и со Единицата за економски криминал – Сектор за општ и насилен криминал при МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама“ во обид, при што во Скопје ја лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје. Имено, таа на социјална мрежа објавила оглас дека издава станови под наем во Тетово и телефонски ги убедувала да уплатат средства на сметка во една банка или преку возач на автобус да ги пратат во коверт во Скопје.

Исто така, таа измамила е едно лице при уплата за резервација во хотел во Охрид. Додека, по остварен контакт со трето лице од Тетово за издавање стан, лицето пријавило во СВР Тетово.

Во координација со Единицата за економски криминал, преку возач на автобус испратиле празно плико, а откако таа дошла до возачот била лишена од слобода.

А.Ј. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Македонија

Јаневска: Не е добро да функционираат училишта со по неколку ученици

Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците

Иван Стоилковиќ до Илир Хасани: 20 години Албанци го водат министерството, ама без правична застапеност

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска остро одговори на прашањата на пратеникот Илир Хасани (Европски фронт) во врска со состојбата во Министерството за односи меѓу заедниците, кое според Стоилковиќ има 2.250 вработени, од кои скоро 97% се Албанци.

To top