Хроника

Полицијата уапси 34 возачи, одзеде 23 возила

Најмногу казнети за пребрзо возење, но и за 1непрописно паркирање, како и за возење под дејство на алкохол

Полицијата во изминатите два дена изрекла 1.026 казни за сообраќајни прекршоци низ државата, а 34 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило. Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, дури 316 возачи биле фатени како возат побрзо од дозволеното. Во истиот период, полицијата уапсила девет возачи кои управувале под дејство на алкохол, 24 лица без возачка дозвола и едно лице кое возело и покрај претходно изречена забрана.

Во акциските контроли биле одземени и 23 возила согласно член 300-б од Кривичниот законик.

Казни добиле и 107 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем, додека 99 учесници во сообраќајот биле санкционирани поради некористење сигурносен појас. Полицијата казнила и пет пешаци.

Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила, како и четири возила поради техничка неисправност. Санкционирани биле и двајца возачи поради незаконско затемнување на стаклата на возилата.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат правилата за да се зголеми безбедноста на патиштата.

Најнови вести од: Хроника

(Фото): Нарачал пица, па го убил доставувачот на храна, 19-годишно момче

Според полицијата, Алексиќ претходно бил пријавуван за оружје. Во 2023 година, против него е поднесена кривична пријава до Општинското државно обвинителство во Шибеник за нелегално поседување, производство и набавување оружје и експлозивни материи. Истражителите сега утврдуваат со кое оружје е убиен 19-годишникот и како осомничениот стигнал до него.

250 евра казна за родител на дете предизвикувач на врсничко насилство

250 евра казна за секој родител на дете кое се однесува насилно во училиште но и за родители кои не сакаат да соработуваат со училиштата или со другите институции. Ова ќе биде опфатено во новите измени на Законот за основно образование кој го најави министерката за образование и наука Весна Јаневска по последните случувања на врсничко насилство во училиштата низ Македонија.

To top