Хроника

Обид за разбојништво во канцеларија за кредити во Битола, извршителот лишен од слобода

Битолчанец не успеал во обидот за грабеж со закана со огнено оружје и се дал во бегство, но рано утрово бил приведен

Секретаријатот за внатрешни работи Битола до битолското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од градот на конзулите поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.

Полициски службеници рано утрово во 1 часот го лишиле од слобода извршителот, во чиј дом при извршен претрес со наредба од Основен суд Битола бил пронајден и одземен пиштол.

Тој на 30 април во 18:10 ч. во канцеларија за кредитирање на ул. „Столарска“ во Битола се обидел да изврши разбојништво со закана со огнено оружје, но не успеал и се дал во бегство, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top