Македонија

Полицијата воведува посебен режим на сообраќај во Охрид

Граѓаните се повикуваат своите моторни возила да ги користат во исклучителни случаи или да користат алтернативни превозни средства

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните дека од денеска до 22 јули 2026 година, кога индиската претседателка Дроупади Мурму ќе престојува во Охрид, ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај.

Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти, за што се веќе остварени контакти со службите од локалната самоуправа, ЈП „Комуналец“, Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, како и со други релевантни субјекти.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од денеска интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде што не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила.

СВР Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, имајќи ги предвид безбедносните мерки што се реализираат во врска со оваа значајна посета.

Граѓаните се повикуваат своите моторни возила да ги користат во исклучителни случаи или да користат алтернативни превозни средства.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top