Македонија

Поради прекин на струја, пукнала водоводната цевка во Влае

До пукањето дошло поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец

Дефектот на водоводната мрежата што синоќа голем дел од Скопје со серизно намален капацитет и притисок на водата настанал поради пукање на цевка ф-600, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

До пукањето дошло поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец.

Проблемите со водоснабдувањето беа забележани во Влае, Ѓорче Петров, Карпош, Тафталиџе, Центар и во други делови.

Од „Водовод и канализација“ велат дека како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.

ЈП Водовод и канализација вчера работеше на санирање на сериозниот дефект.

Од Центарот за управување со кризи, нема веќе истекување на вода, а поради големата количина на изгубена вода, нормализирањето со притисокот ќе потрае.

Поради сериозниот дефект без вода останаа Ѓорче Петров, Влае, Карпош и други делови од Скопје, а некаде имаше намален притисок на водоснабдувањето.

„Одеднаш слушнавме силна експлозија и земјата и куќата се стресоа. Слушнавме експлозија. Мислевме дека е земјотрес. Излегов надвор и тогаш видов што се случило. Целиот тој дел од улицата експлодирал и парчиња од асфалтот летнале. Потоа се појави оваа дупка. Пукнала цевката од притисок. Овде асфалтот на оваа уличка е неколку сантиметри, а за изградба на згради тука поминуваат огромни и тешки камиони. Беше прашање на време кога ова ќе се случи – вели жител на Влае кој живее на стотина метри од местото каде што експлодирала Ф-600 цевка“, раскажуваат сведоци за МИА

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top