Македонија

Порака од Агелер до Филипче: Со темата за мигрантите им прави лоша услуга на граѓаните

Она што не мислам дека е корисно е да заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку важно како миграцијата, само за да добиете политички поени

Не мислам дека многу луѓе во Вашингтон ја следат оваа дебата тука, миграцијата е големо прашање, огромна тема во САД во моментов. И ние водиме такви разговори со многу држави, тоа е нормално, значи само постоењето на разговор не значи дека има политика. И секако не можам да зборувам за разговори што ги водело Обединетото Кралство, но претпоставувам и знам дека тие како и ние водат разговори со секакви држави.

Ова го истакна амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер која вечерва беше гостинка во дневникот на Сител.

Таа го искажа своето мислење за тоа што опозицијата предводена од Филипче го прави на тема мигранти.

-Ова е тeма со која државите се борат. Затоа, секако, разговарате со пријателите и сојузниците и партнерите како заедно се справуваме со ова. Повторно, она што не мислам дека е корисно е да заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку важно како миграцијата, само за да добиете политички поени. Не мислам дека тоа е продуктивно. Мислам дека сериозни разговори, сериозни и продуктивни разговори треба да се водат за ова прашање кое е важно. Тоа е навистина лоша услуга за граѓаните да се сведе само на политичка тема, рече амбасадорката.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top