Македонија

Поранешен италијански министер лобира за Османи

Уште една поддршка од поранешен европски политичар за кандидатот за градоначалник на Чаир

Ексминистерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Мајо, преку видеопорака изрази поддршка за кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ и поранешен шеф на македонската дипломатија – Бујар Османи.

Видео пораката на Ди Мајо ја објави Демократската унија за интеграција на својот Фејсбук профил.

Во неа поранешниот италијански министер порача дека Османи е голем пријател на Европа и Европската Унија.

„Тој е почитуван пријател во Европа. Многу добро се сеќавам на неговите напори за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, како и на неговите амбиции за доближување на земјата до членството“, и дека Османи е голем пријател на Италија:

„Работевме заедно за да ги зближиме нашите земји и народи. Се сеќавам на неговите зборови полни со гордост за дијаспората и важноста на граѓаните на двете земји во зајакнувањето на врските меѓу нашите нации и влади“.

Најважно, како што рече Ди Мајо, е тоа што во него гледа многу добар пријател и сигурен политичар. Поранешниот италијански министер додаде дека Османи секогаш може да смета на него и дека ја има неговата поддршка во новиот предизвик како кандидат за градоначалник на Чаир.

„Ви посакувам среќа во новиот предизвик. Убеден сум дека сериозни, способни луѓе и силни бранители на својот народ секогаш ќе имаат поддршка, порано или подоцна, во секоја политичка трка. Со среќа кандидатурата, со среќа на вашите граѓани и вашата држава“, вели Ди Мајо во пораката.

Поддршка за градоначалничката канддатура досега на Османи му дадоа Жосеп Борел и актуелниот МНР на Украина Дмитро Кулеба.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top