Македонија

Жозеп Борел лобира за Бујар Османи во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Чаир, според Борел, имал особини клучни не само во дипломатијата, туку и во локалното управување

„Верувам дека жителите на Чаир ќе го препознаат како градоначалник кој слуша, кој обединува и кој носи напредок за секој жител. Го подигна гласот на својот народ на меѓународната сцена. Сега си подготвен да ја донесеш истата посветеност на улиците и во населбите на Чаир“.

Ова се вели во видео-пораката што поранешниот висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел, ја упати на кандидатот на Националната Алијанса за Интеграција за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, пренесе „Фокус“.

Во обраќањето до жителите на Чаир, Борел истакнал дека е многу задоволен што имал можност да соработува со Османи.

„Големо задоволство е за мене да говорам за човек со кој тесно соработував повеќе години. Како министер за надворешни работи на С.Македонија и како претседавач на ОБСЕ, тој покажа лидерство, визија и длабока посветеност кон дијалогот и соработката“.

Во својата порака Борел потенцира дека бил особено импресиониран од способноста на поранешниот шеф на дипломатијата Османи да слуша, да гради мостови и да наоѓа решенија. Особини кои, според Борел, се клучни не само во дипломатијата, туку и во локалното управување, пренесува Фокус.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top