Македонија

Посебен сообраќаен режим во Скопје

Во периодот од 18 часот, па до завршување на празничните активности, по потреба, ќе бидат затворени дел од клучните булевари

 

 

Дел од улиците во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, ќе бидат привремено затворани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром“, соопшти МВР.

Во периодот од 18 часот, па до завршување на празничните активности, дел од клучните булевари ќе бидат затворени по потреба.

„Утре (11.04.2025) во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата, во центарот на град Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: бул. „Партизански Одреди“ од крстосница со ул. „Франклин Рузвелт“ до крстосница со бул. „ВМРО“, бул. „Св. Климент Охридски“ од крстосница со бул. „Илинден“ до крстосница со ул. „Димитрие Чуповски“, како и ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со ул. „9-ти Мај“ до кружна крстосница со ул. „Св. Кирил и Методиј“, соопшти МВР.

Измени ќе има и во движењето на јавниот превоз, особено за автобусите што минуваат низ централното подрачје.

„На возилата од јавниот градски сообраќај, по потреба ќе им се менува трасата на движење, ќе се движат по бул. „Илинден“ и преку ул. „Франклин Рузвелт“ ќе се вклучуваат на бул. „Партизански Одреди“, соопшти МВР.

Дополнителни ограничувања се предвидени и во други делови од градот. Полицијата најавува дека по потреба ќе бидат затворани и улици во близина на верските објекти и апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: „Не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката“

Ова вчера во телевизиско гостување рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за влезот на државата во ЕУ, но и за неодамна изнесениот став на премиерот Христијан Мицкоски оти е подготвен да чека со децении без уставни измени, односно дека актуелната Влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

To top