Македонија

Повторно работат „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Шефот за комуникации на „Мета“, Енди Стоун во објава на Икс вели дека компанијата е свесна за проблемите и работи на нив. Посетителите добиваат порака дека „нешто тргна наопаку“ и дека компанијата „работи на тоа и ќе го поправиме што е можно поскоро“. Апликацијата Месинџер го прикажува статусот „се поврзува“ и испраќањето пораки е целосно оневозможено.

Стотици илјади корисници денеска пријавија проблеми со пристапот до Facebook, додека дел од корисниците се соочуваат и со потешкотии при користењето на Instagram и Messenger. Според податоците на платформата DownDetector, проблемите започнале околу 9:30 часот по источноамериканско време, а досега се регистрирани повеќе од 100.000 пријави за недостапност на Facebook.

Корисниците наведуваат дека не можат да се најават на своите профили, а наместо тоа добиваат порака „This page is not available“ („Оваа страница не е достапна“).

Покрај Facebook, дел од корисниците пријавуваат проблеми со вчитување на содржини на Instagram, како и со користењето на Messenger.

Компанијата Meta, која е сопственик на трите платформи, засега не објавила официјално соопштение за причините за прекинот ниту кога услугите целосно ќе бидат вратени во нормала. Во моментов не е познато дали станува збор за технички дефект, проблем со серверите или поширок прекин на инфраструктурата на компанијата.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top