Македонија

Пожар избувна во близина на населбата „Бараки“ во Охрид

Ситуацијата се следи, а граѓаните се повикуваат да бидат претпазливи и да пријавуваат секој сомнителен случај.

Пожар попладнево избувна на падините на планината Петрино, во непосредна близина на охридската населба „Бараки“, во северниот дел од Охрид.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатени три екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, кои работат на локализација на огнот.

Сепак, силниот ветер значително ја отежнува интервенцијата и придонесува пожарот брзо да се шири. Надлежните работат на ангажирање на дополнителни противпожарни екипи и ресурси за да се спречи понатамошното ширење на огнената стихија.

Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот. Официјална потврда ќе има по завршувањето на увидот, иако според досегашното искуство, најголемиот дел од ваквите пожари се последица на човечки фактор.

Ситуацијата се следи, а граѓаните се повикуваат да бидат претпазливи и да го пријавуваат секој сомнителен случај.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

To top