Македонија

Познат адвокат со силни судски врски дел од новиот рекет скандал кој го истражува обвинителството

Му помагал на главниот рекетар да го скршат бизнисменот кој одбил да даде рекет и затоа бил прогонуван

Познат скопски адвокат кој има блиска роднина на моќна позиција во Скопскиот кривичен суд е дел од новиот случај на рекет кој го истражува обвинителството.

Ова го тврдат вработени во поранешното Специјално јавно обвинителство кои ги знаат релациите меѓу Боки 13, Катица Јанева и адвокатот инволвиран во случајот кој сега го истражува Јавното обвинителство.

Како што објави МКД (повеќе на овој ЛИНК) обвинителството истражува случај на рекет во кој се инволвирани криминалците Бојан Јовановски алијас Боки 13, Катица Јанева и обвинителите Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.

Од свои извори во екс СЈО expres.mk дознава дека дел од оваа рекетарска шема е познатиот адвокат кој и преходно се споменуваше за скандали тешки милиони евра а кој досега не беше осуден.

За случајот знаеле повеќе луѓе во поранешното СЈО затоа што луѓе блиски на Боки 13 полујавно зборувале дека познат бизнисмен ќе биде гонет (точниот израз кој се употребувал за него бил ,,ќе робија”) ако не даде огромна сума на пари.

Изворите на expres.mk тврдат дека бизнисменот бил уценуван од неформален тим кој функционирал во простории на СЈО но никој од обвинителите не сакал да го пријави незаконското однесување.

Овој случај може повторно да ги одведе во затвор Катица Јанева и Боки 13, обвинители кои го работеле случајот кои знаеле дека бизнисменот бил рекетиран но и други лица кои по налог на Катица Јанева и Боки 13 злоупотребиле државни ресурси за уцена на бизнисменот.

Меѓу луѓето кои знаеле за рекетот но не биле дел од него е и една поранешна обвинителка на СЈО која сметала дека Катица Јанева ,,знаела што прави”.

Повеќе детали за новиот рекет скандал на овој ЛИНК

Најчитани статии
На овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top