Македонија

Пратеник од првиот состав на парламентот најавува битка меѓу урбаната мафија и нормалните граѓани во вториот круг

Од една страна обични луѓе, од другата

урбана мафија преку ликот на еден кандидат

Пратеник од првиот состав на македонскиот парламент Михаил Пановски најавува битка меѓу урбаната мафија и нормалните граѓани.

Оваа битка се случува во Карпош каде според него урбаната мафија за свој претставник го има Стевчо Јакимовски.

Пановски испровоциран од веста според која ќерката на активистката која се бореше против изградба на зградата кај бензинската пумпа Макпетрол добила закани дека ќе биде силувана.

Зградата со дозвола од општина Карпош ја гради фирма на бизнисменот Фатмир Етеми.

,,Општина Карпош ке биде местото каде за 2 седмици ке се води битката помеѓу урбаната мафија предводена од актуелниот градоначалник и кандидатот Сотир Лукровски.
Овде не се работи за партиска борба. Тука битката е помеѓу нормалните граѓани и урбаната мафија, пишува екс пратеникот кој во 2018 даде поддршка за промена на името.

,,Ни беа одземени 2 спортски центри каде ние а потоа и нашите деца се рекреираа (Алумина и Комплексот Партизан) за да се изградат огромни зданија. Во моментот се гради исто такво грандиозно здание позади бензиската Макпетрол .
За изградбата на ова чудовиште мафијата и се закануваше со силување на нејзиното дете на носителката на листата на НЕЗАВИСНИ ЗА КАРПОШ – Татјана Чакулев.
Како човек кој учествувал во удирањето на темелите на нашата независност за време на Првиот повеќепартиски Парламент, и како лојален граѓанин на Карпош веќе 53 години, ЈАВНО ги повикувам НЕЗАВИСНИ ЗА КАРПОШ и нивниот носител на листа отворено да ги повикаат своите 2.708 гласачи да го дадат својот глас против Урбаната Мафија против која се бореа и трпеа закани узминатите 4 години и нивниот кандидат Јакимовски Стевчо.
Тоа се гласовите кои ке ја определат судбината на нашето идно урбано живеење.
Со ❤️ За КАРПОШ !!!”, пишува Пановски.

Најнови вести од: Македонија

Нови закони за високо образование: Модуларност, стручни студии и построги критериуми за професори

Овие предлог-закони, изработени со учество на националното координативно тело составено од над 60 професори (кои работеле волонтерски), веќе се ставени на јавна расправа преку Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), каде што засегнатите страни можат да даваат сугестии.

Дали безалкохолното пиво „ќе покаже“ на алкометарот доколку ве запре полиција

Иако овие пијалаци содржат само минимални траги од алкохол (обично до 0,5 %), кај дел од луѓето останува прашањето: дали можат да влијаат на резултатот од алкотестот и да предизвикаат проблеми при сообраќајна контрола?

Тешко повредена жена по разорна експлозија и пожар во куќа во охридско Велгошти

Денес претпладнево избувнала експлозија, а потоа и пожар, во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ. (44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Вечерва стартуваат 25. Зимски олимписки игри во Италија! – Јана Атанасовска, Виктор Петков, Ставре Јада и Ана Цветановска во тимот на Македонија!

Со церемонии што ќе се одржат на четири локации, во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо, вечерва во Италија во 20 часот официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2.900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска.

Само вчера фатени уште 11 лица, кои возеле без возачка дозвола! – Возилата им се одземени!

Некои воопшто немале дозволи, некои имале активна забрана на дозволите, а двајца од нив се малолетници, кои возеле без возачка дозвола. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

To top