Македонија

Правда за Изгрев и Поштенска банка: По 19 години судот утврди дека нема перење пари со банкарски кредит

Нов случај со контроверзни обвинители кој по 19 години судот утврди дека обвинителската правда е слепа

Бизнисменот Томе Главчев ја коментира одлуката на судот за случајот Изгрев за кој по цели 19 години утврди дека не може да има кривично дело перење пари ако парите кои се анализираат се земени како кредит од банка.

Главчев кој е актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија беше дел сличен случај каде обвинителството гонеше бизнисмени за исто дело.

,,Денес во јавноста беше објавено дека во предметот „Изгрев“ судот утврдил оти не може да постои кривично дело „перење пари“ кога средствата потекнуваат од банкарски кредит, односно кога нивното потекло е легално и неспорно утврдено.

Особено загрижува фактот што до ваков правен заклучок се доаѓа дури по цели 19 години судски постапки. Деветнаесет години неизвесност, сомнежи, обвинувања и товар што луѓето и нивните семејства го носат на своите плеќи”, пишува Главчев кого овој заклучок на судот го поврзува со неговиот случај.

,,Овој заклучок неизбежно ме потсетува на случајот „Поштенска банка“, во кој Специјалното јавно обвинителство, преку обвинителите Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, со години тврдеше дека постои токму такво кривично дело, иако средствата и тогаш потекнуваа од банкарски кредит.

Во нашиот случај поминаа седум години. Седум години во кои луѓе, семејства и компании беа изложени на јавен притисок, сомнеж и неизвесност, за на крајот да се покаже дека правото не смее да се толкува според желби, претпоставки или политички амбиции, туку според факти и закон.

Не чувствувам потреба за злорадост, ниту за лични пресметки. Но чувствувам обврска да потсетам колку е важно обвинителите да постапуваат врз основа на право, докази и правда, а не врз интуиции, претпоставки или нечии очекувања.

Зад секое обвинение стојат човечки судбини. Стојат семејства, компании, нарушен углед, изгубени години, здравје и достоинство. Кога државата ќе погреши, последиците не ги чувствуваат институциите, туку граѓаните.

Затоа, ова нека биде добронамерно потсетување до сите сегашни и идни обвинители: правдата не се гради со спектакуларни обвинувања, туку со почитување на законот, со професионална одговорност и со свест дека зад секој предмет стојат човечки животи.

Само така ќе се спречи луѓето со години да бидат изложени на постапки кои на крајот не можат да го издржат тестот на правото и правдата.

За жал, во Македонија никој не им ги враќа на луѓето ниту 19-те години изгубени во еден процес, ниту седумте години поминати во докажување на сопствената невиност”, пишува Главчев.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

To top