Македонија

Правнук на германски војник од II светска војна во Македонија 83 години од кога прадедо му војувал

Наследникот на некогашниот војник на Хитлер топло ја препорачува Македонија и со суперлативи зборува за Македонците

Торбен Шварц, правнук на германски војник од II светска војна дошол во Македонија цели 83 години од кога прадедо му војувал на Балканот.

Шварц кој нема ништо со фашистичката идеологија поради која прадедо му дошол да војува во Македонија е либерален Германец кој ја засакал Македонија.

,,Прилеп. Мојот прадедо Хелмут Шварц бил стациониран тука во 1943 година – прекрасно е да се вратам 83 години подоцна. Луѓето тука се многу гостопримливи и услужливи! Топло ја препорачувам Македонија на сите”, објави Шварц за посетата на Македонија.

Шварц се претставува како ,,Либертаријанец и не помалку швапски диригент /капелмајстор зад заштитниот ѕид (брандмауерот)”.

Тој објавува слика која веројатно е насликана во Прилеп од неговиот дедо додека бил таму или по сеќавање.

https://x.com/i/status/2080672921815560450

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top