Македонија

Православните христијани утре празнуваат Богојавление-Водици

Еден од најголемите христијански празници и се слави на 19 јануари

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, Согласно Законот за празниците на Република Македонија, утрешниот празник Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.

Утре сите трговски објекти, маркети и трговски центри ќе работат согласно редовното работно време.

Македонската православна црква и нејзините верници денеска го слават Крстовден.

Празникот е поврзан со Богојавление и крштевањето на Исус Христос, како и денот посветен на Свети Јован Крстител, кој го крстил во реката Јордан.

Крстовден, како прв од трите големи празници, секогаш се слави во пресрет на Богојавление. Обичајот бара строг пост за да се подготват телото и душата за пиење на богојавленската вода.

Покрај одењето во црква, молитвата и палењето свеќа за здравјето на сите членови на домаќинството, на овој ден е многу важно да се има позитивни мисли.

Богојавление е еден од најголемите христијански празници и се слави на 19 јануари. Според христијанската традиција, кога Исус Христос наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да биде крстен од Свети Јован.

Преданието вели дека во ноќта на Богојавление, небесата се отвориле и Светиот Дух се спуштил во форма на гулаб врз Исус Христос.

Меѓу народот, празникот Богојавление го означува крајот на некрстените денови.

Овој празник се нарекува и Водици – името доаѓа од водата за Богојавление што се осветува во црквата тој ден и се дели на луѓето бидејќи се верува дека има чудотворна моќ.

 

Најнови вести од: Македонија

Во изградбата на автопатите на коридор 8 и 10д во ноември лани ангажирани 2130 работници

На Делница 1, Тетово-Гостивар, достапни за работа се 13 километри од 17,5 километри, на Делница 2, Гостивар-Букојчани, достапни се 9,6 километри од 31 километар, а на Делница 4, Прилеп-Битола, достапни се 22 километри од 40 километри

To top