Македонија

Правосуден испит може да се полага само на македонски јазик

За да се стане судија, обвинител, адвокат и да се извршуваат други професии поврзани со правото, мора активно да се познава македонскиот јазик

Министерството за правда го отфрли барањето на 385 студенти Албанци кои бараат правосудниот испит да се одржува и на албански јазик

Од Министерството оценуваат дека такво нешто е спротивно на Уставот и важечкото законодавство.

Во долг одговор во кој се цитираат многу членови и закони од страна на министерството, од Министерството велат дека албанскиот јазик и неговото писмо се службени, но изјавуваат дека Законот за правосудниот испит не содржи одредби за полагање на правосудниот испит на јазик различен од македонскиот.

„Спроведувањето на Законот за употреба на јазиците не може да се разгледува изолирано, туку во корелација со други релевантни прописи, имено: Законот за адвокатура, Законот за судови, Законот за јавно обвинителство, Законот за извршување и Законот за нотаријат, како целина. Според тоа, правосудниот испит е фундаментален предуслов за влез во различни професии во судскиот систем, а во овој случај, потребата од активно познавање на македонскиот јазик како службен јазик на целата територија на Република С.Македонија произлегува од природата и целта на овие професии“, изјавија од  Министерството за телевизијата Шења.

За да се стане судија, обвинител, адвокат и да се извршуваат други професии поврзани со правото, мора активно да се познава македонскиот јазик.

„Еден од условите за избор на судија е лицето активно да го зборува македонскиот јазик. Во согласност со член 61 од Законот за јавно обвинителство, лице кое активно го зборува македонскиот јазик може да биде назначено или избрано за јавен обвинител“, изјави министерството.

Одговорот од Министерството за правда доаѓа една недела откако било побарано испитот по право да се полага на албански јазик а ова барање било поткрепено со  петиција потпишана од 385 студенти од различни универзитети или правни факултети, објави Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top