Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски на самит во Лондон

Самитот Западен Балкан-Берлински процес, се одржува во главниот град на Велика Британија

 

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на Самитот Западен Балкан-Берлински процес, што денеска и утре се одржува во Лондон, Велика Британија, соопшти Владата.

„Премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани ќе учествуваат на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес.

На маргините на самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, предвидени се голем број билатерални средби на Претседателот на Владата.

Владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби кои ќе претставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка, стои во соопштението“, се наведува во соопштението.

Берлинскиот процес беше започнат во 2014 година на иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, со цел зајакнување на политичката, економската и инфраструктурната соработка на Западен Балкан и нивно приближување кон Европската Унија.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top