Македонија

Премиерот Мицкоски денес на поставување камен темелник на нова училишна спортска сала во Колешино

Министерството за спорт ја заокружува 2025 година со значајни резултати во делот на спортската инфраструктура. Реализацијата на капиталните проекти и вложувања во изградба, обнова и реконструкција на спортските објекти се еден од главните приоритети на Министерството за спорт во изминатите 16 месеци со јасна цел – создавање на современи и безбеди услови за спорт и рекреација во секоја општина низ државата. Во рамките на оваа заложба Министерството за спорт реализира 41 инфраструктурен проект во 22 општини. Изградени и реконструирани се над 30 мултифункционални спортски центри, изградена е атлетска патека во Гевгелија, целосно реконструирани се неколку спортски сали, а започна и постапката за изградба на три нови спортски сали – во Воената академија во Скопје, во општина Аеродром (кај ФФМ) и во Крушево.

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денес, на 12 декември 2025 година, утре ќе присуствува на поставување камен темелник на нова училишна спортска сала во населеното место Колешино, во општина Ново Село.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. – информираат од прес-службата на Република Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Памер: Вториот протокол не е дел од Преговарачката рамка за Македонија (ВИДЕО)

Бугарија може да биде опомената од земјите членки на Европската Унија доколку се обиде да го користи Вториот протокол меѓу Скопје и Софија од јули 2022 година како услов за земјава за продолжување на нејзиниот евроинтегративен пат, бидејќи тој не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ

To top